Ракомет

Вардар Неготино го доби дербито со Скопје, високи победи за Македонија ЃП и Металург РА

Сподели
Сподели

Овие викенд се одиграа натпреварите од 11. коло на Првата ракометна лига Група А и Група Б, но колото ќе се комплетира в четврток со натпреварот меѓу Астраион и Кичево кој се игра во Струмица.

Еурофарм Пелистер 2 повеќе од очекувано запиша висока победа од 46:17 над Овче Поле на домашен терен, а висока победа запиша и Македонија ЃП која славеше со 41:29 над Партизан.

Јехона на домашен терен запиша пораз од екипата на Металург РА со резултат од 29:35, а пак Аеродром дома доживеа тежок пораз од Мулти Есенс со 24:40.

Шампион на домашен терен немаше сили за Драчево кој беше пресилен со 35:41, а пак Вардар Неготино го доби дербито на колото против Скопје, ова беше дерби на ланските суперлигаши каде домаќинот беше подобар со 31:29.

Преспа Вардар на домашен терен загуби од Текстилец од Штип кој беше подобар со минимални 26:28.

Веќе се познати и екипите кои ќе фатат место во плеј-офот од групата А тоа се екипите на Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Металург РА, Овче Поле и Јехона, од групата Б тоа се екипите на Македонија ЃП, Младост Богданци, Драчево, Скопје и екипата на Вардар Неготино.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два неоправдано неодиграни натпревари направи промени на табелата. Екипите кои освојуваа бодови...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска лига – Регион 3, откако по првите пет кола од сезоната...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!