ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Студеничани со убедлива победа против Победа во ОФЛ Кисела Вода!

Сподели
Сподели

Со два од пет натпревари беше одиграни деветтото коло во Општинската фудбалска лига во Кисела Вода или Четвртата лига по ранг на натпреварување.

Екипата на Студеничани која минатата сезона не ги помина бараж натпревари за влез во Трета лига – Север славеле висока победа над Победа во Долно Лисиче, скопско со резултат од 1:4.

Победата беше најавена уште во првиот дел од мечот кога Риад Кадри постигна гол за 0:1 по девет минути игра. Потоа следуваа два брзи погодоци на Студеничани откако Сабри Алиу и Зејди Шабани постигнаа погодоци во 30. и 35. минута за 0:3 на полувреме.

Во вторито дел Стефан Георгиевски постигна гол за 1:3 во 65. минута, а само пет минути подоцна Бујамин Асани постигна гол за конечни 1:4.

Одлучна судиска арбитража на главниот судија Дејан Младеновски и неговите помошници Дарко Наумовски и Филип Ицковски.

  • АТМОСФЕРАТА ОД НАТПРЕВАРОТ: ПОБЕДА – СТУДЕНИЧАНИ:

Висока и убедлива домашна победа забележа екипата на Славија Пржино која со 4:1 славеше над Зелениково.

Резултатот го отвори Ристе Попов во 19. минута за водство на домашниот тим, а потоа Драна Левковски во 31. минута израмни на 1:1. Сепак, само две минути беа потребни за домаќинот преку Филип Арсовски да дојде до нова предност од 2:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Попов со втор гол на стартот на полувремето зголеми на 3:1, а во 72. минута Петар Здравевски стави печат на победа од високи 4:1.

Натпреварот меѓу Текстилец и Слободен не се одигра, бидејќи домашниот тим не се појави на теренот и најавува дека нема да игра.

Не се одиграни натпреварите меѓу ССК Нова и Кул Здравје, како и мечот меѓу Вардар 75 и ССК Младинец.

Екипата на студеничани има осум од осум е на врвот од табелата во ОФЛ Кисела Вода со максимален број на бодови и сака нов бараж за влез во Трета лига – Север.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!