Ракомет

„Чувството е преубаво“: Јагуриноски по големата победа над Вардар!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид стигнаа до голема победа во дербито против Вардар и продолжуваат да ја држат трката за второто место во Супер Лигата, кое носи излез во Европа. По натпреварот, за Спортска Мрежа говореше десниот бек на Охрид- Томислав Јагуриноски, кој истакна задоволство од победата и борбата на двата тима.

ФОТО: ГРК Охрид

Јагуриноски потенцираше дека и покрај тоа што Вардар веќе ја осигури шампионската титула, дуелот бил исклучително тежок и дека неговиот тим морал максимално да се вложи за да стигне до посакуваниот резултат. Тој додаде дека фокусот сега целосно се префрла на клучниот натпревар против Пелистер, кој ќе го одреди патникот во европските натпреварувања.

„Пред сè, сакам да им честитам на моите соиграчи и на екипата на Вардар за овој прекрасен натпревар. Успеавме да победиме, секако дека чувството е преубаво, бидејќи Вардар е нов шампион на Македонија, уште на три кола пред крајот – нешто што не се случило во изминатите… не знам колку години. Беше многу тешко, но успеавме да го дадеме нашиот максимум. Сепак, за второто место во македонската Супер лига, ни преостанува уште еден натпревар кој мора да го победиме, против екипата на Пелистер, но влегуваме доста мотивирани после ова, па сите искрено се надеваме дека ќе играме во Лигата на Европа следната година.“- изјави Јагуриноски за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид сега го очекува директен дуел со Пелистер кој ќе ја реши битката за втората позиција, а тимот влегува мотивиран по големата победа над актуелниот шампион.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Струмица 2001 се врати меѓу елитата – Бутел падна во „мајсторката“ за суперлигашка промоција!

КК Струмица 2001 е нов член на македонската Супер лига, откако струмичани во решавачкиот трет натпревар од финалната серија ја совладаа екипата на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачкоска главна во Битола, Вјолца Изеири ќе им суди на Истатов и Ас Јунајтед

Денес ќе бидат одиграни четири натпревари од 24. коло на Првата женска фудбалска лига, а оваа рунда ќе биде затворена дури во среда...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид го урна шампионот Вардар – на чекор од потврда на второто место!

Ракометарите на ГРК Охрид приредија големо изненадување во плеј-офот од македонската Суперлига,...

Ракомет

Пролет го надигра Радовиш во второто полувреме

Ракометарите на Пролет остварија сигурна победа над Радовиш со 37:29 во рамки...