Ракомет

Пролет го надигра Радовиш во второто полувреме

Сподели
ФОТО: РК Пролет
Сподели

Ракометарите на Пролет остварија сигурна победа над Радовиш со 37:29 во рамки на осмото коло од плеј-аут фазата во македонската Суперлига.

Иако конечниот резултат покажува убедлив триумф на домашниот состав, гостите од Радовиш одиграа квалитетно прво полувреме и долго време беа рамноправен противник во салата Спортска сала „Македонско сонце“.

Радовиш подобро го отвори натпреварот и рано поведе со 1:3, но Пролет брзо одговори и со серија добри напади направи пресврт за водство од 10:6. Сепак, гостите не се предадоа и со одличен финиш на првиот дел успеаја целосно да се вратат во мечот. Во еден момент Радовиш имаше и минимална предност од 15:16, но со погодокот на Стојановски домашните израмнија на 16:16 пред заминувањето на паузата.

Во продолжението Радовиш парираше уште неколку минути и беше резултатски активен до 21:20, по што следуваше пад во играта на гостинскиот состав. Пролет го подигна темпото, ја зацврсти одбраната и постепено почна да ја зголемува разликата, за на крајот рутински да стигне до нов триумф.

Најефикасен на натпреварот беше Андреј Стојановски, кој го предводеше Пролет со осум погодоци. Кај Радовиш, товарот во нападот го поделија Ончев, Трајчевски, Трајанов, Јанковски и Петров, кои постигнаа по четири гола.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!