Струга Трим Лум се уште верува во можноста да стигне до втората позиција на табелата, иако во моментов има шест бодови помалку одШкендија. Токму денеска стружани гостуваат во Тетово во еден од најважните натпревари во завршницата од сезоната.
Капитенот на тимот, Буњамин Шабани , истакна дека атмосферата во екипата е одлична и дека тој и неговите соиграчи се подготвени за големо надигрување и борба за позитивен резултат.
„Не очекува дерби натпревар против многу квалитетен тим. Мислам дека ќе биде многу интересен меч и празник за сите љубители на фудбалот. Што се однесува до нас како екипа, можам да кажам дека подготвени го очекуваме овој дуел“, изјави Буњамин Шабани.
„Статистиката во вакви мечеви не значи многу, бидејќи секој натпревар е посебна приказна. Ќе влеземе во игра со цел да го дадеме најдоброто од себе, да ја играме нашата препознатлива игра, добро да го спроведеме тактичкиот дел, она што го бара стручниот штаб и верувам дека на крајот резултатот нема да изостане“, дополни Шабани.