Останато

Јована Атанасовска нова македонска тениска надеж

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младата македонска тенисерка Јована Атанасовска имаше успешен настап на турнирот Прокупље Опен за тенисери и тенисерки до 12 години. Македонската тенисерка во конкуренција на двојки на убедлив начин заедно со Лена Лазаревиќ од Србија го освоија турнирот.

Сите мечеви ги добија со 2-0 во сетови, притоа во првите два меча загубија само по три гема. Најголем отпор имаа во полуфиналето кога успеаја да ги совладаат Маја Фирер (Израел) и Марија Коршун (Украина) со 2-0 во сетови (62 и 76(3).

Јована и Лена во финалето ги победија Илина Берчеа и Софија Беу од Романија со 2-0 во сетови (62 и 63).

Во поединечна конкуренција Јована одигра два изедначени меча во кои противничките беа поуспешни, но двата ги загуби во решавачкиот сет на поени. Турнирот во Прокупље беше од категорија 2.

Во секој случај малата Јована почнува да чекори по стапките на Марина, Лина, Сара,…

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!