Останато

Штип подготвен за второто издание на меѓународниот „Трофеј Штип“: Пеливани од седум држави пристигнуваат во градот под Исарот

Сподели
Сподели



Градот под Исарот и оваа година ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл. В недела (10 мај), на стадионот на ФК Кежовица, ќе се одржи второто издание на меѓународниот турнир во пеливанско борење „Трофеј Штип“, настан кој веќе се етаблира како еден од најзначајните турнири од ваков тип во регионот.

По успешното прво издание минатата година, интересот за турнирот е значително зголемен, а организаторите најавуваат уште подобра организација и поквалитетна конкуренција. Покрај натпреварувачи од Македонија, на турнирот ќе настапат и пеливани од Грција, Албанија, Бугарија, Србија, Турција и Косово, што уште еднаш му дава силен меѓународен карактер на настанот.

Пеливанското борење, кое е специфичен и атрактивен спорт близок до борењето во слободен стил, последниве години привлекува сè поголемо внимание кај младите, но и кај спортската публика во Источна Македонија. Токму ваквите турнири придонесуваат за популаризација на овој традиционален спорт и создавање нови генерации натпреварувачи.

„На 10 мај со почеток во 12 часот на стадионот на ФК Кежовица, по вторпат ќе се одржи турнирот во пеливанско борење „Трофеј Штип“. Сакам да ги повикам сите љубители на спортот особено љубителите на пеливанското борење, да уживаат во вештините на пеливаните кои ќе учествуваат на второто издание на „Трофеј Штип“. Годинава организацијата е на повисоко ниво, поучени од минатата година. Морам да потенцирам дека интересот за пеливанството во нашиот град е на високо ниво, а масовноста е голема. Многу млади покажуваат интерес кон овој спорт бидејќи се работи за несекојдневен спорт, па тоа е причина плус за да има голем интерес како кај натпреварувачите така и кај публиката, која сака да следи вакви борби“, вели организаторот на „Трофеј Штип“, Дејан Митров за Спортска Мрежа.

Турнирот ќе започне во 12 часот, а стадионот на ФК Кежовица се наоѓа на влезот во Штип од правец на Радовиш, веднаш до бања Кежовица, што ќе овозможи лесен пристап и за посетителите кои доаѓаат од други градови и држави.

Со ваков број учесници и растечки интерес, „Трофеј Штип“ продолжува да расте и да го зацврстува своето место меѓу најзначајните настани во пеливанското борење во регионот.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Останато

Бучим Радовиш со Зајков, Усеинов и Атанасов на силниот „President Cup“ во Белград

Меѓународниот боречки турнир „President Cup“ денеска започнува во Белград, Србија, а на...

Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски ги додели државните награди 8ми Септември

По повод Денот на независноста 8 Септември, Министерството за спорт денеска на...

Останато

ФИВБ ќе тестира нови правила: Повеќе замени, нови можности за челинџ и побрза одбојка

Европското првенство 2026 е едно од големите натпреварувања на кои летово Светската...

Останато

Рекордна активност кај одбојкарките: Клубовите масовно ги менуваат составите

Летниот трансфер период за домашните одбојкари и одбојкарки официјално заврши на 31...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!