Прва лигаФудбал

Доне Ристовски ќе го суди дербито меѓу Шкендија и Струга Трим Лум, Фатмир Бафто го доби дербито во Скопје

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Денес ќе бидат одиграни три натпревари од 31. коло на Првата македонска фудбалска лига во Битола, Скопје и Тетово.

Во Битола се игра мечот меѓу Пелистер и Шкупи, каде главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски, а негови помошници ќе бидат Драган Трпчевски и Душко Панов, а пак четврт судија е Владимир Ѓорѓиевски.

Во ВАР собата ќе бидат Бењамин Ќерими и Мартин Петковски, а пак оператор за повторување на снимка е Жарко Пејковски.

Делегат на средбата која стартува во 16 часот е Иван Матевски, а контролор ќе биде Игор Ширилов.

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Вардар и Силекс кое се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Помошници ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Климент Ристоски, а пак четврт судија е Марјан Стојановски.

ВАР судија ќе биде Александар Грујоски, АВАР е Вјолца Изеири, а пак оператор за повторување на снимка е Петар Мукоски.

Делегат на мечот кој стартува во 16 часот е Кочо Зердески, а контролор е Делчо Јакимовски.



Дербито во Тетово меѓу Шкендија и Струга Трим Лум ќе го суди Доне Ристовски, а ќе му помагаат Тоше Ицев и Роберт Црвенов, а пак Игор Иванов ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Борис Трајков, а пак Деан Стефков ќе биде оператор за повторување на снимка.

Делегат на мечот ќе биде Слаѓан Божиновски, а пак контролор на средбата која стартува во 16 часот ќе биде Дејан Јакимовски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров го одреди тимот за Словачка: Пешевски и Галевски отпаднаа од списокот за баражот

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави конечниот список на ракометари за бараж двомечот против Словачка, кој ќе решава...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Почна продажбата на билети за Македонија – Словачка: Во Скопје ќе се решава патникот на СП 2027

Официјално ја започна продажбата на билетите за реванш натпреварот меѓу Македонија и Словачка во баражот за пласман на Светското првенство 2027. Билетите се...

Поврзани написи
Фудбал

ФФМ промовираше 33 нови тренери со УЕФА Ц лиценца: Завршена едукацијата на 11. генерација

Центарот за едукација на тренери при успешно го комплетираше вториот модул од...

Прва лигаФудбал

ФИФА му изрече забрана за регистрација на фудбалери на Тиквеш

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека, согласно одлука на ФИФА,...

Втора лигаТрета лигаФудбал

Како ќе изгледа баражот за Втора лига?

Контурите на баражот за Втора лига веќе се јасни – познати се...