Прва лигаФудбал

Секуловски: Никого не смееме да потцениме, бодовите се најважни, мора сами да го обезбедиме опстанокот

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Како што се ближи крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, битката за што подобар пласман станува се поинтересна, а секој тим јасно ја има зацртано својата цел. ФК Пелистер, клуб со богата традиција и големо значење за битолскиот спорт, имаше тежок старт на сезоната, па се  уште не го има обезбедено опстанокот во елитата за следната сезона.

Сепак, „зелено-белите“ во пролетниот дел прикажуваат далеку подобри изданија и освојуваат важни бодови во клучниот период од шампионатот. По ремито со ФК Работнички  и позитивните резултати противФК Вардар, Шкендија и Силекс битолчани сега на домашен терен го пречекуваат Шкупи со јасна цел – продолжување на позитивната серија и чекор поблиску до сигурен опстанок.

“Иако Шкупи настапува со подмладен состав, нашиот респект кон овој клуб со голема традиција и голем број освоени трофеи мора да биде на ниво. Никој не смееме да потцениме, бидејќи нивните играчи се борат до последно и се обидуваат „скапо да си ја продадат кожата“. Пелистер преферира сам да си ја заврши работата и да не чека како ќе завршат другите натпревари. Согласно тоа, од играчите секогаш го барам истото, да играат дисциплинирано и ангажирано, односно на терен да ја покажат желбата за победа и својот квалитет, а не со празни зборови. Ние мора да си го одработиме нашиот дел, бидејќи опстанокот во ПМФЛ нема да се случи ако континуирано не освојуваме бодови и не ги користиме шансите. Затоа повеќе пати апелирав играчите добро да се мотивираат и во никој случај да не го потценат противникот“, изјави Марјан Секуловски, шеф на стручниот штаб на Пелистер.

Габриел Крстевски пак додава дека:

“Свесни сме дека сме фаворити, но тоа мора да го покажеме на терен. Ќе влеземе максимално мотивирани во натпреварот бидејќи тој може да ни донесе три важни бода. Слично како натпреварот со Македонија ЃП, мора да бидеме максимално мотивирани и фаворитската улога да ја покажеме низ нашата игра“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Дерби пресметка во Балдовци: Интер Кукла на мегдан со Спартмани, Слога Злеово и Огражден чекаат кикс на лидерот

Утре ќе се одиграат натпреварите од 11. коло во Општинската фудбалска лига во Струмица, а вниманието на фудбалската јавност ќе биде насочено кон...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите на Јанг Тим од Струга и Овче Поле од Свети Николе....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Кока: Не очекува тешко гостување во Битола, но ние сме мотивирани и очекуваме добар натпревар

Екипата на Шкупи веќе почнува да ги прави плановите за настап во Втората...

Прва лигаФудбал

ФК Вардар брка титула, Шкендија нема право на грешка

Домашниот шампионат полека влегува во самиот финиш, а денеска на програмата е...

Прва лигаФудбал

Капитенот на Струга Трим Лум верува во позитивен резултат против Шкендија

Струга Трим Лум се уште верува во можноста да стигне до втората...