Трета лигаФудбал

Убедлива победа од пет гола на Овче Поле над Борец на пријателски меч

Сподели
Сподели

Убедлива победа забележа екипата на Овче Поле, која на пријателски натпревар славеше со високи 5:1 против тимот на Борец.

Дуелот се одигра во период кога двете екипи беа слободни во своите првенства, па истиот послужи како добра проверка на формата и за двете страни.

Овче Поле прикажа подобра игра и целосно го контролираше натпреварот, што резултираше со убедлив триумф.

Стрелци за тимот од Свети Николе беа Ѓорѓи Султанов, Мирон Илиевски, Тоше Манов, Боце Ефремов и Дени Андонов.

Екипата од Свети Николе продолжува со амбициите за врвот во Трета лига – Исток, каде што се бори за шампионската титула и бараж за пласман во Втората лига со лидерот Победа Валандово.

Од друга страна, Борец веќе ја обезбеди шампионската титула во Трета лига – Југ и го очекува баражот за враќање во Втората лига, каде ќе се обиде да го потврди својот квалитет и да се врати меѓу второлигашите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!