Трета лигаФудбал

Победа Валандово се врати на лидерската позиција откако го освои Берово, висока победа за Ударник на „Кукуш“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Денес во Берово се решаваше дали ќе има нов лидер во Трета лига – Исток, откако во рамки на 19. коло Победа Валандово гостуваше кај Малеш, во исход од мечот кој донесе промена на челната позиција, откако тимот од Валандово славеше со резултат од 2:3. „Калинкарите“ уште во првиот дел ги постигнаа трите погодоци преку Томе Стоилков кој во 8. минута го отвори резултатот, потоа Кирил Коколански и Стефан Трајков погодија за три гола предност по првите 45 минути. Во вториот дел преку двата гола на Борче Јакимовски намали на 2:3, но немаше сили за ништо повеќе.

Во Струмица се одигра мечот меѓу Тиверија и Брегалница од Делчево, а исходот од оваа соочување беше победа за гостинот од 2:3. Бојан Петровски во 24. минута го отвори резултатот за 0:1, а потоа Дарко Пешовски постигна гол за 0:2 на полувреме.

Во вториот дел Мичо Митровиќ и Благој Георгиев постигнаа погодоци за 2:2. Гостинот преку втор гол на Пешовски стигна до конечните 2:3.

Дерби се играше на стадионот „Кукуш“ каде некогашниот вицешампион на Македонија, Хоризонт Турново влезе во „пресметка“ со Ударник од Пирава, а каде исходот од истата беше голема победа за гостинот од 1:4. Двојни стрелци за тимот од Пирава беа Крсте Тодоров и Марјан Костадинов, а пак за домашниот тим погоди Васко Коцев во 3. минута.



Во рамки на оваа коло слободна беше екипата на Дојранско Езеро и Карбинци, како и Овче Поле, кој се одлучи да одигра пријателски меч со лидерот во Трета лига – Југ, тимот на Борец.

На првото место е Победа Валандово со 39 бодови, втор е Овче Поле со 38 бодови, Ударник изби на третото место со 32 бодови, а Хоризонт Турново сега е четврт и со 31 бод.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!