Трета лигаФудбал

Камјани е шампион во Трета лига – Запад откако славеше над Напредок

Сподели
Сподели

Во рамки на денешното 20. коло лидерот Камјани гостуваше во Кичево каде се соочи со тимот на Напредок и забележа победа од 1:3 и стана шампион во Трета лига – Запад.

Домашниот тим преку Настески го отвори резултатот за водство од 1:0 во 9. минута, а до крајот на првиот дел со двата гола на Хузри Џемаили гостинот го сврте резултатот на 1:2.

Во вториот дел печат на победата стави Арлинд Берзати во 90. минута за конечни 1:3.

Влазерими на домашен терен го пречека Доброшти и го доби во меч со 12 погодоци за конечни 8:4. Имери постигна три гола, по два гила имаа Мемишоски и Ибраими, а еден гол беше дело на Бајрами. За гостинот двојни стрелци беа Хашими и Муслија.

Во Порој се одигра мечот меѓу Скендербеу и Љуботен, а домаќинот ги обезбеди трите бодови славејќи со 3:1. Стрелци беа Бајрами и Османи, а пак Бимбилоски си постигна автогол, додека пак за гостинот погоди Мишиќ.

Речица на домашен терен ги одмери силите со Џепчишти, но загуби со 1:4. Зеќири во 10. минута го отвори резултатот за водство на домаќинот, а потоа гостинот преку трите гола на Меритон Саљиу и голот на Дритон Абди ги постави конечните 1:4.



Во Брвеница се играше мечот меѓу Вардар и Ренова каде домаќинот со 5:2 беше убедлив преку четири гола на Ивица Костадиноски и голотна Синиша Јованоски, за гостинот стрелци беа Арсим Ибрахими и Ријад Османи.

На две кола до крајот и официјално Камјани е шампион во Трета лига – Запад и ќе игра бараж за влез во Втора лига. Камјани е прв со 49 бодови, а Влазерими е втор со 41 бод.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!