Ракомет

„Сите го даваат срцето и последниот атом сила за Охрид“ – Ројевиќ пресреќен по историското европско финале!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот куп, а тренерот Борис Ројевиќ по историскиот успех истакна големо задоволство од тимот и борбеноста низ целата сезона.

Ројевиќ, во изјава за Спортска Мрежа, нагласи дека со кратка ротација тимот се натпреварувал на три фронта – во домашниот Куп, домашното првенство и Европа, што речиси претставува невозможна мисија. Сепак, според него, играчите покажале неверојатен карактер, максимална пожртвуваност и срце на теренот, што на крај било наградено со историски успех. Тој додаде и дека Татабања е исклучително силен противник, но дека Охрид нема што да загуби бидејќи веќе испишал историја.

„Пресреќен сум, со оваа кратка ротација да се игра добро и во Купот, и во домашното првенство, и во европскиот Куп..тоа е речиси невозможна мисија. Меѓутоа, овие момци се носат со тоа одлично, го даваат последниот атом сила од себе.. и сите ја даваме својата душа и срце за овој клуб, за Охрид..и мислам дека тоа и ни се врати на крајот. Што се однесува до противникот во финалето – Татабања.. јас не знам дали во последниве 10 години постои клуб со поголем буџет во овој Куп, кој во последниве 10 години пак, е досега најсилен..но нема што да загубиме, ние веќе испишавме историја.“- изјави Ројевиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид со историски пласман влегува во финалето против Татабања, со јасна порака дека тимот веќе ја надминал својата почетна цел, но ќе се обиде да оди и чекор понатаму.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!