Прва лигаФудбал

Влатко Илиоски ќе им суди на Тиквеш и Арсими, Благојче Ралевски главен во Струга

Сподели
Сподели



Денес со два натпревари ќе се комплетира 30. коло на Првата македонска фудбалска лига, а за овие два меча се познати и судиите.

Во Кавадарци каде ќе се соочат Тиквеш и Арсими главен судија ќе биде Влатко Илиоски, а негови помошници ќе бидат Борис Трајков и Дино Конески, а пак четврт судија ќе биде Кирил Смоквоски.

Во ВАР собата ќе бидат Фатмир Бафто и Мишо Ѓорѓиески, а пак оператор за повторување на снимка ќе биде Петар Стојановски. Делегат на мечот ќе биде Фатмир Салаи, а контролор Зоранчо Илиевски.

Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра против Брера Струмица, каде задолжен за правдата ќе биде Благојче Ралевски, а негови асистенти ќе бидат Владимир Митревски и Петар Степановски, а четврт судија ќе биде Јован Качевски.

ВАР судија ќе биде Пларент Салихи, а пак АВАР судија е Мартин Петковски, оператор за повторување на снимката е Диме Димовски.

Делегат на овој меч ќе биде Трајче Шопов, а контролор ќе биде Александар Ставрев.

Двата натпревари стартуваат во 16 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!