Ракомет

„Со нетрпение го чекаме финалето“ – херојски Охрид го елиминира Целје!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот куп, откако по драматичен реванш и пенал-рулет го елиминираше Целје.

По натпреварот, пивотменот на охриѓани- ЏанФранко Прибетиќ, во изјава за Спортска Мрежа посочи дека зад тимот се два исклучително тешки натпревари, кои оставиле и физички и психички замор, но и големо задоволство поради поддршката од публиката и пласманот во финалето. Тој додаде дека фокусот сега се префрла на обврските во домашното првенство и подготовката за финалниот двомеч со Татабања.

,, Два многу тешки натпревари се веќе зад нас, секако дека сме и физички и психички исцрпени. Мило ни е заради градот, сите овие луѓе кои нè бодреа и што ни овозможија да стигнеме до финале. Далечен ни е патот до финалето, нè чекаат обврските од домашното првенство, имаме уште натпревари но ќе се подготвиме најдобро што можеме. Во финалето нè чека екипата на Татабања, една одлична екипа и доста сериозна..па мораме да се „ресетираме“ и со нетрпение го чекаме тоа финале, па да покажеме што можеме.”- изјави Прибетиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид го очекува историски двомеч против Татабања на крајот од мај, во кој македонскиот тим ќе има шанса да стигне до европски трофеј. До тогаш, фокусот останува на домашното првенство и одржување на формата за најголемиот предизвик во сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Кочани

Во рамки на 23. коло на Првата женска фудбалска лига екипата на Вардар како фаворит на домашен терен ќе се соочи со Кочани....

Ракомет

„Сите го даваат срцето и последниот атом сила за Охрид“ – Ројевиќ пресреќен по историското европско финале!

Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот куп, а тренерот Борис Ројевиќ по историскиот успех истакна големо задоволство од тимот и борбеноста...

Поврзани написи
Ракомет

„Имавме среќа со пеналите“ – Стрмљан по драмата со Целје!

Охрид избори историско финале во ЕХФ Европскиот куп, а значаен придонес во...

Ракомет

Познат распоредот за европското финале: Охрид по европска титула на крајот од мај

Ракометарите на ГРК Охрид по историскиот пласман во финалето на ЕХФ Европскиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!