Ракомет

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид ќе игра ЕВРОПСКО ФИНАЛЕ!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид вечерва преку пенали славеше над Целје и ќе игра финале во ЕХФ Европскиот куп против Татабања и ќе се бори за својот прв европски трофеј во клупската историја.

Неверојатен е прогресот на напредокот на клубот покрај Охридското Езеро, неверојатни се резултатите, вложувањата, организацијата на клубот… со еден збор Охрид ги има најдобрите денови во својата историја со силна поддршка од општината и градоначалникот Кирил Пецаков и од сите спонзори и поддржувачи.

Охрид ќе биде шестиот македонски тим кој ќе се бори за европска титула, претходно, Вардар двапати ја освојуваше Лигата на шампион, Еурофарм Пелистер има играно финале во ЕХФ Челинџ Купот во сезона 2001/2002, Алкалоид минатата сезона играше финале и го освои ЕХФ Европскиот Куп, во женска конкуренција европско финале имаат играно Кометал Ѓорче Петров и Вардар.

Вечерва време е за славје, вечерва Охрид ќе ги поздрави своите „гладијатори“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!