Познати судиите кои утре ќе делат правда на мечевите од 23. коло на Првата женска фудбалска лига.
Дербито во Струмица меѓу Тиверија Брера и Каменица Саса ќе го суди Ирена Велевачкоска, а нејзини помошници ќе бидат Иле Мишески и Давор Дишлиевски. Контролор на мечот кој стартува во 15 часот ќе биде Васил Аџиев.
Бенарт Зеќири ќе биде главен судија во Струга каде ќе играат Ас Јунајтед и Речица, а негови помошници ќе бидат Николче Николовски и Марио Мојсоски.
Контролор на мечот кој стартува во 16 часот ќе биде Злате Лозаноски.
Мечот меѓу Вардар и Кочани ќе го суди Ангела Рајческа, а помошници ќе бидат Елена Соклевска Илиески и Тамара Цветановиќ. Мечот стартува во 16 часот, а контролор ќе биде Петре Илиоски.
Вјолца Изеири ќе им суди на Скопје и Топ Гол, а помошници ќе бидат Цветанка Савеска и Снежана Илиевска. Џенан Хајдари е контролор, а стартот е во 12 часот.
Дерби мечот на Пржино меѓу Истатов и Љуботен ќе го суди Крумислав Ѓоргиев, а негови помошници ќе бидат Роберт Црвенов и Александар Ајдаров. За контролор е одреден Горан Манасиев, а почетокот на мечот е закажан за 16 часот.