Прва лигаФудбал

Реми со шест погодоци меѓу Работнички и Пелистер, Вардар сигурен против Башкими на патот кон титулата!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Возбудлива фудбалска вечер донесе драма на два фронта – во борбата за опстанок Работнички и Пелистер одиграа спектакуларно реми 3:3, додека Вардар продолжи со победничкиот ритам триумфирајќи со 2:0 на гостувањето кај Башкими.

Во Скопје, дуелот меѓу Работнички и Пелистер започна фуриозно. Домашните поведоа уште во 4. минута преку Сухељ Муарем, но гостите експресно возвратија со погодокот на Булатовиќ за 1:1 по само девет минути игра. Во 26. минута Работнички повторно дојде до предност, откако Демири беше прецизен од белата точка за 2:1.

Во второто полувреме, Работнички стигна и до 3:1 преку Дитмир Хоџа по брза контра, но тука започна големиот камбек на битолчани. Пелистер постепено го засили притисокот, а Петковски со ефектен волеј намали на 3:2. Во судиското продолжение, капитенот Мирко Ивановски со реакција од прва и со помош на стативата донесе израмнување за конечни 3:3. Пелистер имаше и шанса за целосен пресврт во самиот финиш, но не успеа да го совлада Ондоа.

Со освоениот бод, Пелистер се изедначи со Брера на осмото место со по 33 бода, додека Работнички останува во опасната зона со 29 бода, зад Македонија ЃП која има 30.

На другиот натпревар, Вардар ја продолжи добрата серија со сигурна победа од 2:0 против Башкими. „Црвено-црните“ рано поведоа преку Горан Закариќ, кој по асистенција на Стефан Цветковиќ донесе предност уште во 8. минута. Истиот играч имаше уште неколку обиди, вклучително и удар во пречката, но резултатот остана неизвесен до финишот.

Во судиското надополнување, Вардар го завери триумфот, откако по ударот на Бобан Николов и интервенцијата на Борјан Пановски топката заврши во мрежата за конечни 2:0. Башкими во вториот дел се закани преку Роналдо Никел Ор, но без конкретна реализација.

Следното коло повторно носи директни пресметки во борбата за опстанок, каде Пелистер ќе го пречека Шкупи, а Работнички ќе гостува кај Брера.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

СРЕБРО ЗА ДУШИЦА БРЕСАЛИЕВА НА MULTI EUROPEAN GAMES G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1 2026, во јуниорска конкуренција до 55 килограми. Бресалиева имаше одличен настап...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Европското првенство, откако денеска беше совладана од актуелниот европски шампион Полска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!