Трета лигаФудбал

Сашко Ристов ќе им суди на Малеш и Победа Валандово, Блаже Петковски главен во Турново

Сподели
Сподели



Утре ќе бидат одиграни три натпревари од 19. коло на Трета лига – Исток, а веќе се познати и судиите кои ќе делат правда.

Главен судија во Берово каде ќе се соочат Малеш и Победа Валандово ќе биде Сашко Ристов, а негови помошници ќе бидат Крсте Димчев и Иван Стојанов.

Јанушев Драги ќе биде делегат, а контролор ќе биде Златко Зафиров.

Во Струмица каде ќе се соочат Тиверија и Брегалница од Делчево, правда ќе дели Иван Јанев, а негови асистенти ќе бидат Цане Давитков и Ристо Ѓорѓиев.

Делегат на овој меч ќе биде Гоце Бојчев, а контролор е Тони Манчев.

Дербито во Турново меѓу Хоризонт и Ударник ќе го суди Блаже Петковски, а ќе му помагаат Стефан Митров и Андон Михајлов.

Ристо Крстов ќе биде делегат, а контролор е Илија Стефанов.

Натпреварите во Берово и Турново стартуваат во 16 часот, а мечот во Струмица час подоцна.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!