Ракомет

Ројевиќ: „Сите заедно ја пишуваме историјата!“ – повик за спектакл во Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид е пред натпревар кој може да ја одбележи сезоната – реваншот против Целје во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп носи шанса за голем исчекор и пласман во финале. По минималниот пораз во Словенија, домашниот тим ќе ја бара својата можност пред преполните трибини во „Билјанини извори“, каде атмосферата треба да биде клучен фактор.

ФОТО: ГРК Охрид

На денешната прес- конференција, тренерот на Охрид- Борис Ројевиќ е свесен за квалитетот на противникот, но и за мааните што неговиот тим ги покажа на првиот меч. Според него, Охрид мора да ги намали техничките грешки и да биде поефикасен во нападот, а одбраната повторно да биде темелот на играта.

Воедно, стратегот на Охрид потенцира дека Целје е една од најталентираните екипи во Европа, но верува дека со поддршката од публиката, неговиот тим може да одговори на предизвикот и да оди чекор напред.

„Ние успеавме да го спуштиме Целје на 27 голови, а само за споредба- оваа сезона даваат меѓу 35 и 40 голови. Мислам дека ако и во овој меч биде така, сметам дека ние ќе постигнеме многу повеќе голови. Промашивме таму многу зицери, имавме некои технички грешки. За мене секогаш важи тоа дека одбраната е таа што носи резултат. Нè очекува тежок натпревар против, би рекол најталентираната екипа во Европа. Во своите редови имаат четири-пет играчи, кои од ова лето ќе се преселат во најдобрите европски клубови кои играат ЛШ, што значи дека се работи за една извонредна екипа, па ќе нè чека тешка задача. Сите мои момци едвај чекаат да истрчаат на терен и да ја почувствуваат енергијата од трибините, се надевам дека атмосферата ќе биде добра и кај нас како што беше во Целје. Таму имавме „бразилска атмосфера“, која ги носеше нивните играчи, а се надевам дека охридската публика ќе покаже дека е подобра, и сметам дека таа енергија ќе биде клучна во овој двомеч.”- изјави Ројевиќ.

ФОТО: ГРК Охрид

Исто така, тој се осврна и на кадровските проблеми, нагласувајќи дека и покрај повредите, тимот ќе даде максимум и ќе се обиде да ја задржи константноста што ја има во текот на сезоната.

„Не се сите здрави, но се надевам дека сите ќе истрчаат утре на натпреварот и еден играч би можел да се врати иако не тренираше долго време. Не знам колку ќе може да даде максимум, но сигурен сум дека ќе ,,стисне заби”, како и сите останати. Девет-десет играчи играат цела сезона, но тоа остави трага, немавме некоја ширина, немавме ни среќа со здравствениот билтен. Сите ќе ,, стиснеме заби” и овој месец да одиграме како што игравме изминатите девет месеци.“ – продолжи тренерот на охриѓани.

ФОТО: ГРК Охрид

На крајот, тренерот испрати и порака до навивачите, повикувајќи ги да бидат дел од историскиот момент и да помогнат во создавање атмосфера за паметење.

„Сите, заедно со публиката ја пишуваме историјата на градот и клубот. Ги повикувам сите да дојдат и да направат феноменална и незаборавна фешта, а момците и јас ќе се оддолжиме, и ќе се обидеме да ја совладаме врвната екипа на Целје, па заедно да славиме пласман во финале!“- заврши Ројевиќ.

Со ваков пристап и поддршка од трибините, Охрид ќе се обиде да го направи последниот чекор кон финалето и да ја круниса одличната сезона со историски успех.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!