Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата на Шкупи ги игра своите последни натпревари во Првата лига, со оглед на тоа што следната сезона ќе настапува во Втората лига. Сепак, овие дуели претставуваат важна лекција и драгоцено искуство за младите фудбалери.

Еден од нив е и Анес Бајрами, синот на поранешниот фудбалер и сегашен тренер Муарем Бајрами. И покрај тешката ситуација на табелата, младиот Бајрами покажува голем професионализам и висока мотивираност.

Од друга страна, нивниот следен противник, Македонија Ѓорче Петров, има јасен императив за победа, бидејќи „лавовите“ се борат за опстанок во Првата лига и им се неопходни бодови.

Ова ќе биде 33-ти меѓусебен дуел меѓу двата тима. Иако Македонија Ѓ.П. важи за фаворит поради домашниот терен, традицијата е на страната на Шкупи, кој има 11 победи. Македонија Ѓорче Петров славела на 8 натпревари, додека 14 дуели завршиле без победник, вклучувајќи го и четвртфиналето од Купот во 2021 година.

„Остануваат уште неколку кола до финишот на шампионатот. Веќе е извесно дека од следната година ќе бидеме дел од Втората лига, но тоа не ја менува нашата посветеност. Премногу сум задоволен од моите соиграчи и од тренерот за сите жртви што ги поднесовме досега. Се трудиме на секој натпревар да го дадеме максимумот и сакаме да ја искористиме секоја преостаната минута за да уживаме во фудбалот до самиот крај на сезоната“, изјави Бајрами.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!