Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор во трката за првото место. Разликата во однос на Вардар сега изнесува четири бода, што дополнително го зголемува притисокот врз тетовскиот тим.

Во самата завршница од сезоната, секоја грешка скапо се плаќа, а „црвено-црните“ тоа веќе го почувствуваа на своја кожа по неуспехот на домашен терен.

Сега, секој нов кикс може уште повеќе да го доближи Вардар до шампионската титула. Затоа, за Шкендија нема простор за нови грешки – гостувањето во Кратово носи императив за победа и освојување на трите бода, доколку сака да остане во трката за одбрана на титулата.

„Искрен да бидам, разочарани сме од последниот меч од Башкими. Не го заслуживме тој пораз, но нема запирање. Мораме да преземеме одговорност, да покажеме карактер и веднаш да реагираме против Силекс. Пред нас имаме незгоден противник, особено кога игра на свој терен во Кратово. Не очекува тежок меч. Добро ги анализиравме грешките од минатото, и мораме да влеземе во мечот со 100% концентрација. Фокусирани сме само на нашиот тим. Сите играчи се обединети и ќе го дадат максимумот за овој клуб. Нашата цел е јасна, а тоа е до последното коло да се бориме и да дојдеме до титулата“, рече Имран Фетаи.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!