ФудбалФутсал

(ФОТО) Хет-трик за Арсовски: Убедлива победа за Кратово, СЕЕ Университи однесе триумф во Липково

Сподели
Сподели



Убедлива победа забележа екипата на Кратово која со 8:1 го декласираше Овче Поле од Свети Николе, во рамки 21. коло на Втората футсал лига на Македонија.

Хет-трик за домашниот тим имаше Горан Арсовски, двоен стрелец беше Валентино Јовановски, додека пак по еден гол за победничкиот тим постигнаа Драган Стефанов, Ѓорѓи Ивановски и Никола Стојчевски.

За гостинот од Свети Николе единствен стрелец беше Лука Наумов кој погоди во 35. минута од средбата.

СЕЕ Университи триумфираше во Липково каде со 5:9 славеше над Карадаку за нови три бодови на патот кон Прва лига.

За домашниот тим хет-трик забележа Шуајб Шукрија, а пак по еден гол постигнаа Омер Саќипи и Јакуп Емини, за гостинската екипа по три гола постигнаа Зеќирија Османи и Исмет Цека, двапати стрелаше Гезим Азизи, а пак Аки Шукрија од домашниот тим си постигна автогол.

Во рамки на 21. коло во сабота Каршиака ќе игра против ССК, а во понеделник Фудбал Старс во Кочани ќе се соочи со Црна Река, додека пак тимот на Железарец кој веќе ја обезбеди шампионската титула и направи експресно враќање во елитата ќе биде слободен.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!