КупФудбалФутсал

Радовишанецот Горан Стојанов блесна во финалето: хет-трик за историја и двојна круна на Проект

Сподели
ФОТО: Filip Daninski
Сподели



Горан Стојанов беше едно од најзвучните имиња во големото финале од Купот на Македонија во футсал, каде со хет-трик го предводеше Проект до убедлива победа од 8:3 против Кеги Моби и освојување на трофејот.

25-годишниот футсалер од Радовиш го отвори резултатот уште во раната фаза од натпреварот, а потоа со уште два погодоци го заокружи своето фантастично издание и го трасираше патот кон убедливиот триумф на тимот од Јосифово. Проект доминираше од почеток до крај, комплетирајќи ја двојната круна по веќе освоената шампионска титула.

Во текот на сезоната, Стојанов има значајна улога во составот на шампионот. Во Првата футсал лига, на едно коло до крајот има постигнато 14 голови, со што е трет стрелец во тимот, додека во Купот токму неговите три гола од финалето беа клучни за освојување на трофејот.

По натпреварот, Стојанов не го криеше задоволството од успехот, за Спортска Мрежа истакна дека ова за него е убаво чувство.

„За мене оваа претставува едно убаво чувство, освоени шампионската и Куп титулата, финале кое ќе го паметам секогаш со постигнати три погодоци. Натпреварот беше одличен, задоволен сум од тоа како се прикажав и јас и мојот тим и сосема заслужено стигнавме до овој голем триумф. Секако и на последниот меч од првенството одиме по победа и да ја затвориме сезоната со максимален ефект, а потоа да се фокусираме на европските предизвици“, изјави Горан Стојанов за Спортска Мрежа.

Со вакво издание во финалето, Стојанов уште еднаш потврди дека е еден од клучните играчи на Проект, тим кој оваа сезона остави силен печат на македонската футсал сцена.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!