Ракомет

Ојлески: „Ќе дадеме сè од себе за европско финале“ – Охрид пред најголемиот испит!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометна вечер исполнета со емоции, борбен дух и верба во историски успех го очекува Охрид, кој во сабота го игра реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп против Целје.

ФОТО: ГРК Охрид

Во преполната сала „Билјанини Извори“, каде се очекува вистински ракометен спектакл, тимот ќе има поддршка од трибините во обид да ја анулира минималната негатива и да направи чекор кон финалето.

ФОТО: ГРК Охрид

Пред овој голем предизвик, капитенот и крилниот играч на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, за Спортска Мрежа ги сподели своите очекувања, нагласувајќи ја важноста на фокусот и континуитетот во играта во текот на сите 60 минути.

Во својот коментар, Ојлески направи анализа на првиот натпревар, кој се одигра во Целје минатиот викенд, и јасно потенцира дека екипата мора да биде многу постабилна ако сака позитивен исход против квалитетниот противник од Словенија.

„Секако дека нема да биде лесен натпревар..на гостинскиот меч во играта можеби имавме две лица- имавме добри моменти, но имавме и падови..напорно работиме и сакаме да го поправиме тоа и да изгледаме како што треба во текот на сите 60 минути. Нема да биде лесен натпревар, без разлика што имаме само гол негатива за ,,бркање”, Целје е квалитетен противник- доста добра, млада екипа, технички се добро подготвени и добро трчаат, добро играат. Ние, се надеваме дека на домашен терен и со уште поголема поддршка од нашите навивачи ќе изгледаме многу подобро отколку таму, и ќе дадеме сè од себе за да го направиме тој исчекор, да одиме во финале, што претставува голем и историски успех за нашиот клуб.”- изјави Ојлески за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Гоце Ојлески испраќа јасна порака дека тимот верува во себе и во силата на домашниот терен, каде ќе се бара тој клучен чекор кон финалето. Со преполна сала и силна енергија од трибините, Охрид ќе се обиде да испише нова европска приказна.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!