Ракомет

Гостивар убедливо против чаирчани на простување со суперлигашката конкуренција

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Славеа кошаркарите на Гостивар со високи (107:72), во последниот натпревар во оваа натпреварувачка сезона.

Во последниот натпревар во оваа натпреварувачка сезона, кошаркарите на Гостивар славеа убедлива победа над Чаир 2023, за простување од своите фанови со натпреварувањето во „МТЕЛ“ Супер лигата.

Со победа, и тоа убедлива за нив деветта во сезона, се простија кошаркарите на Гостивар со своите верни фанови од оваа натпреварувачка сезона во која го загубија статусот на суперлигаш.

По скоро изедначениот прв период во кој водеа со (21:19), гостиварци остварија целосна доминација во оние други три четвртини од мечот против екипата од Чаир.

До полувремето, ја зголемија позитивата на (42:31), а по три одиграни периоди, веќе беа на недостижно водство од (75:56).

Уште едно блескаво напаѓачко издание имаше Диксон, кој во последниот меч во сезоната испорача 39.поени, а имаше и десет скока и пет асистенции.

Добри поентерски улоги како стартери имаа и Димитриевски, кој постигна 18.поени, дополнети со седум скока и две асистенции, Карахоџиќ, кој заврши со 15.поени (три скока и две асистенции), и Грегори со 13.поени (и осум скока) за екипата на Гостивар. Двоен број на поени, вкупно 11, во домашната екипа имаше и Тодоровски.



А рекорд на сезоната, со реализирани 19.асистенции, постави еден од најискусните играчи во гостиварскиот суперлигаш – Марјан Младеновиќ!

Во екипата на Чаир 2030, сите пет стартни играчи запишаа најмалку десет поени.

Синани имаше 15, Реџа 13, Саити 12, Ибраими 11, а Четмен уште 10.поени.

Во среда навечер, од 20.30 часот, во салата „Наум Наумовски-Борче“, ќе играат екипите на Феникс 2010 и МКК Куманово. А својот последен меч во оваа натпреварувачка сезона, во четврток, од 18.часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, ќе го одиграат екипите на Работнички и Ангели.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов во Кавадарци. Претседателот Сашко Тасев му посака успешна работа на ФК...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...

Поврзани написи
Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!