Кошарка

Крива Паланка за прв пат, или седма титула за Бадел 1862?

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



Крива Паланка за прв пат, или пак Бадел 1862 по седми пат во својата историја, ќе биде шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција?

Одговор на ова прашање ќе даде финалната серија на плеј-офот, која стартува утревечер (од 20.часот), во салата „Бранители 2011“ во Крива Паланка.

Екипата на Крива Паланка ќе ја има предноста на домашниот терен во финалето кое ќе се игра според системот „подобар во пет натпревари“.

Односно нов шампион на Македонија ќе биде екипата која ќе дојде прва до три победи во серијата од финалето.

Во оној регуларен дел од сезоната, предизвикувачот, екипата на Бадел 1862 успеа само еднаш да го победи составот од Крива Паланка.

Пред својата публика, „баделки“ славеа со резултат (66:52).

Но сето друго е на страна на кошаркарките од Крива Паланка.

Во првиот меѓусебен дуел славеа со резултат (64:58), а беа многу подобри и во мечот од втората фаза, „оролоџото“, дојдоа до уште поубедлив триумф (81:59).

Извесно, и таа победа придонесе девојките од Крива Паланка да ја потврдат и првата стартна позиција која носи и голема предност во финалето.

Крива Паланка беше многу подобра од екипата на Бадел 1862 и во натпреварот од полуфиналето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ одигран во Македонска Каменица (81:45), што е најава дека Крива Паланка може да го понесе и епитетот на фаворит во финалната серија.

Но тоа е веќе само едно минато, на ред се вистинските возбудувања кои со себе ги носат мечевите преку кои ќе биде познат и новиот шампион во женска сениорска конкуренција за натпреварувачката сезона 2025/2026.



За екипата на Бадел 1862 (откако настапува под ова име), почнувајќи од сезоната 2011/2012, ова ќе биде вкупно 11. учество во големото финале на плеј-офот во женска сениорска конкуренција.

„Баделки“ се носители на шест шампионски титули во тој временски период.

Беа подобри од екипата на Работнички (сезона 2013/2014), против МНА Кожувчанка, потоа во 2015/2016 го совладаа Клупски, а со максимални (3-0) во наредните две сезони излегоа како победници во мечевите против Вардар.



Титулата, последна засега, кошаркарките на Бадел 1862 ја освоија и во сезоната 2021/2022, кога со резултат (3-1) ј затворија серијата против екипата на Баскет кам.

Екипата на Бадел 1862 играше и во финалната серија на плеј-офот во сезоната 2018/20129 (пораз од Вадар), а потоа и во сезоната 2022/2023 (пораз од Баскет кам 2011).

За екипата на Крива Паланка, ова ќе биде второ учество во големото финале на Плеј-фот во женска конкуренција…

Во ланското финале, загубија со (0-3) во серијата против екипата на Баскет кам 2011…



Сподели

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!