Останато

17-годишниот Валентино Јовановски со подвиг во Штип: истрча 5 км со панцир

Сподели
Сподели



Младиот спортист од Кратово, Валентино Јовановски, на само 17 години направи вистински подвиг и привлече внимание на спортската јавност. На настанот „Superior Runs“ во Штип, тој истрча 5 километри носејќи панцир на себе од 10 килограми, тестирајќи ја сопствената физичка и ментална издржливост.

Јовановски важи за една од најголемите спортски надежи во Кратово, со веќе забележителни успеси во различни дисциплини, нешто што ретко се гледа за негова возраст. Тој е исклучително физички подготвен, активен и посветен спортист, а настапува и за КМФ Кратово.

Со овој потег уште еднаш покажа дека границите се поместуваат со напорна работа, дисциплина и силна волја, поставувајќи висок пример за младите спортисти од неговиот град и пошироко.

„Ова беше мојот прв маратон кога почнав да трчам; оваа година повторно се вратив – посилен и поодлучен. Уште еднаш си докажав дека границите се само во главата, а дисциплината ги руши. Овие 5 км ги истрчав за 23 минути и 50 секунди со 10 кг панцир, тестирајќи ја својата издржливост до крај. Мисијата е завршена со силно темпо – чекор по чекор, без откажување, ги остварувам своите цели“, вели Јовановски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско...

Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!