Останато

Наковски Волеј со пресврт и драма до прв чекор кон титулата, триумф над Работнички Скопје

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели



Одбојкарките на Наковски Волеј поведоа со 1-0 во финалната серија од Првата лига жени, откако во возбудлив натпревар во Струмица славеа над Работнички Скопје со 3:2 во сетови (25:9, 23:25, 19:25, 25:17, 15:13).

Финалниот дуел донесе вистинска одбојкарска претстава, исполнета со пресврти, долги поени и неизвесност до самиот крај. Домашниот тим стартуваше фуриозно, дозволувајќи му на противникот да освои само девет поени во првиот сет, но Работнички брзо се врати во игра и со подобра реализација во клучните моменти го израмни резултатот на 1:1.

Во третиот сет се водеше израмнета борба до средината, по што скопјанки направија серија и го свртеа резултатот во своја корист за водство од 1:2. Искуството на гостинките делуваше како да ќе биде пресудно, особено кога во четвртиот сет имаа предност, но Наковски Волеј не се предаде. Со стабилна игра и намален број на грешки, струмичанки направија серија и изборија тај-брејк.

Решавачкиот петти сет донесе вистинска драма. Работнички имаше убедливо водство од 3:8, но следуваше неверојатен пад во играта на гостинките и серија од 8-0 за Наковски Волеј, со која домашниот тим направи пресврт. И покрај обидот за враќање, струмичанки останаа присебни и ја искористија четвртата меч-топка за конечни 15:13 и голема победа.

Најефикасни во победничкиот состав беа Ива Стојкоска и Мила Долгурова со по 17 поени, Сара Марковиќ додаде 15, Ивана Милева 13, а Љиља Ковачевиќ 12 поени. Кај Работнички Скопје, Тамара Стојанова блескаше со 20 поени, додека Андротеа Милевска запиша 11, а Баталаковска и Василевска по 10.



Вториот натпревар од финалната серија се игра в четврток од 18 часот во Скопје, во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, каде Работнички ќе се обиде да израмни, а Наковски Волеј да направи нов чекор кон историска титула.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

ФОТО: Одбојкарски турнир во Радовиш по повод патрониот празник на СОУ „Коста Сусинов“ – домаќинот до трофејот

По повод патрониот празник на СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, се одржа одбојкарски турнир во кој учество земаа средното училиште домаќин и три...

ФудбалФутсал

Новиот шампион Проект со убедлива победа над Осогово, Форца и Бутел пресилни!

Новиот шампион Проект стигна до 18-тата сезонска победа од толку натпревари откако славеше со 3:9 над Осогово во Крива Паланка. За гостинот од...

Поврзани написи
Останато

Младинките на Газели Волеј со пресврт го освоија шампионскиот пехар

Екипата на Газели Волеј се закити со шампионската титула во женска младинска...

Останато

Струмица 47&72 ја одбрани титулата кај кадетите

Кадетскиот тим на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во конкуренцијата до...

Останато

Наковски Волеј и Работнички Скопје во битка за шампионскиот пехар

Вечерва со почеток од 18:00 часот, во салата „Димитар Влахов“ во Струмица,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!