Кошарка

Пелистер со моќна партија во Аеродром – закажа полуфинале со МЗТ Скопје

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарите на Пелистер испратија силна порака пред почетокот на плеј-офот, откако на гостински терен го совладаа актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 74:85 во рамки на ТОП 6 фазата од Супер лигата.

Битолчани одиграа зрело и тактички дисциплинирано, а клучот на победата го поставија во втората четвртина. По почетната негатива (18:21), „зелено-белите“ направија одлична серија од 28:16 и на полувреме заминаа со солидна предност од 46:37.

Иако домаќинот се обиде да се врати во игра во третиот период, Пелистер повторно го крена нивото во последната четвртина. Токму тогаш гостите ја демонстрираа својата доминација, создавајќи и убедлива разлика која во еден момент достигна и 21 поен (83:62), што беше недостижно за „штрковите“.

Особено впечатлива беше реализацијата за три поени – 11 погодени шута од 20 обиди (55%), каде предводници беа Стојановски и Митревски, со значаен придонес и од Дејвис и Џенкинс.

Дејвис го предводеше Пелистер со 18 поени, дополнети со седум скока и пет асистенции. Митревски реализираше 17 поени, Стојановски додаде 16, додека Џенкинс запиша 13 поени, шест скока и четири асистенции.

Кај МЗТ Скопје Аеродром, Смит Мексвејн беше најефикасен со 19 поени, Танасковиќ постигна 15, а Гил оствари дабл-дабл учинок со 12 поени и 10 скока.

Со овој триумф, Пелистер го задржа третото место на табелата, додека МЗТ Скопје остана второпласиран. Тоа значи дека двата тима ќе се соочат во полуфиналната серија од плеј-офот, каде се очекува уште пожестока пресметка меѓу старите ривали.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот во елитното друштво стигна до третата последователна победа, откако во натпреварот...

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Поврзани написи
Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

Атанасов: Моите очекувања со МЗТ се секогаш исти – напад на секој трофеј и победа на секој натпревар!

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром веќе три недели се наоѓа во силен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!