Останато

Селиукас и Трибол шампиони на Југ Опен, Андреј Темов финалист во двојки

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

На терените на ТК „Југ“ во Скопје изминатата недела се одржа меѓународниот тениски турнир за играчи до 14 години „Југ Опен“ (категорија 3), на кој настапија млади тенисери и тенисерки од повеќе земји.

Во машка и женска поединечна конкуренција, титулите ги освоија Кајус Селиукас од Литванија и Софија Трибол од Украина.

Од македонските претставници, најдобар резултат забележа Андреј Темов, кој заедно со Ленарт Кадриу од Швајцарија стигна до финалето во двојки. Таму беа поразени од Сами Дамани (Франција) и Џем Капукиран (Турција) со 2-1 во сетови (6:2, 5:7 и 10:7 во решавачкиот тај-брејк). Темов имаше солидна недела и претходно, кога на турнир во Тирана стигна до полуфинале во сингл и финале во двојки.

Кај девојките, Деа Крстевска беше најуспешна македонска натпреварувачка. Таа стигна до четвртфинале во сингл, каде беше елиминирана од идната победничка Трибол, додека во двојки заедно со Наталија Сулавер од Босна и Херцеговина играше полуфинале.

Од утре, на истите терени стартува нов турнир за играчи до 18 години – „Скопје Опен 2026“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го победи Силекс и го „запечати“ третото место

Струга Трим Лум со 2-0 го победи Силекс во 29. коло од ПМФЛ, и сега ја зголеми предноста на табелата на третото место...

Останато

Наковски Волеј и Работнички Скопје во битка за шампионскиот пехар

Вечерва со почеток од 18:00 часот, во салата „Димитар Влахов“ во Струмица, започнува финалната серија од плејофот во женска одбојкарска конкуренција. Во борба...

Поврзани написи
Останато

Наковски Волеј и Работнички Скопје во битка за шампионскиот пехар

Вечерва со почеток од 18:00 часот, во салата „Димитар Влахов“ во Струмица,...

Останато

Дарио Ивановски со нов триумф – најбрз на полумаратонот во Дубровник

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски продолжува со одличните настапи на меѓународна сцена,...

Останато

Кристијан Јанев го освои Ј30 турнирот во Скадар

Младиот македонски тенисер и репрезентативец Кристијан Јанев блесна на турнирот Ј30 во...

Останато

Радовиш подготвен за Првомајските спортски натпревари: Богата програма за сите генерации

Општина Радовиш во соработка со Сојузот на училишен спорт на Радовиш и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!