Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Сподели
Сподели

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3 во сетови (34:32, 16:25, 17:25, 24:26), во големото дерби од третото коло во групата А на Првата машка одбојкарска лига.

Во спортската сала „Парк“ во Струмица, двата ривала одиграа квалитетен и неизвесен натпревар, со голема борба за секој поен, особено во првиот и четвртиот сет.

Домашната Струмица подобро го отвори дербито и по вистинска драма го доби првиот сет со неверојатни 34:32. Двете екипи имаа свои шанси да го решат сетот, но по долга игра на нерви и концентрација, струмичани успеаја да поведат со 1:0.

Сепак, шампионот брзо возврати. Штип УГД во вториот сет ја презеде контролата и со убедливи 16:25 го израмни резултатот на 1:1.

Штипјани продолжија во ист ритам и во третиот сет, кој го добија со 17:25, правејќи целосен пресврт и поведувајќи со 1:2 во сетови.

Струмица се врати од 18:22 до 24:24, но шампионот го зададе последниот удар

Четвртиот сет донесе нова голема драма и неизвесност до последниот поен.



Штип УГД имаше предност од 18:22 и беше на чекор до победата, но домаќинот не се предаде. Струмица успеа да освои шест поени наспроти два на противникот и да израмни на 24:24, враќајќи ја неизвесноста во дербито.

Сепак, за разлика од првиот сет, овојпат штипјани покажаа поголема смиреност во клучните моменти, ги освоија следните два поени и со 24:26 ја потврдија победата од 1:3.

Големо дерби, но пред речиси празни трибини

Она што остави негативен впечаток од големото македонско одбојкарско дерби беше слабата посетеност во спортската сала „Парк“.

Иако на теренот се соочија актуелниот и поранешниот шампион на Македонија, натпреварот се одигра пред многу мал број гледачи.

Штета за македонската одбојка, бидејќи ривалството меѓу Струмица и Штип УГД, квалитетот на двете екипи и драмата што ја понудија заслужуваа многу поголема публика на трибините.



Штип УГД со максимален ефект по три кола

Со оваа победа, Штип УГД ја продолжи успешната одбрана на двојната круна и по три одиграни кола има максимални три победи.

Од друга страна, Струмица го претрпе првиот сезонски пораз, откако претходно имаше две победи.

Штип УГД уште еднаш покажа шампионски карактер, особено во драматичната завршница на четвртиот сет, и од едно од најтешките гостувања во првенството се враќа со голема победа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!