Ракомет

Вардар добива квалитетно засилување: Французинот Фадуил пристигнува во Скопје

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Вардар продолжува со градење на тимот за следната сезона, откако го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил. 23-годишниот ракометар ќе се приклучи на „црвено-црните“ и ќе претставува значајно засилување на бековската линија.

Фадуил доаѓа од редовите на Трембле, каде настапува од 2022 година и се етаблира како еден од најважните играчи во составот. Целата негова досегашна кариера е поврзана со Франција, каде што ги помина и младинските категории на Нант, клуб во кој важеше за голем талент. Во текот на кариерата настапувал и за Кретеј и Саран, каде дополнително го надградуваше својот квалитет.

Во актуелната сезона, Фадуил е меѓу најистакнатите поединци во француското првенство. Според официјалната статистика, има постигнато 160 голови од 266 обиди, што претставува одлична реализација од 60,15 проценти. Со тие бројки, моментално се наоѓа на високото четврто место на листата на стрелци во една од најсилните лиги во Европа.

Со вакви перформанси, јасно е дека Вардар добива ракометар кој може веднаш да направи разлика на теренот, но и да биде долгорочно решение на позицијата среден бек.

По потпишувањето, новото засилување не ја криеше својата возбуда за новиот предизвик.

„Здраво на сите! Навистина сум возбуден што доаѓам во овој историски ракометен клуб. Едвај чекам да се запознаам со сите неверојатни навивачи на Вардар и да му помогнам на тимот да победи на што е можно повеќе натпревари и да освои што е можно повеќе трофеи. Се гледаме наскоро – ајде да направиме арената да грми!“



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!