Прва лигаФудбал

Компаоре: Им должиме добар натпревар на нашите навивачи, се надеваме на победа

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум денеска на домашен терен го пречекува Силекс и ќе се обиде да го поправи впечатокот од последните натпревари пред својата публика. Стружани ги загубија последните две средби на домашен терен, од Тиквеш (1-2) и Работнички (1-2), па дуелот со Силекс е важен и од тој аспект, покрај борбата за третата позиција.

Тимот од Струга има седум бода предност токму пред четвртопласираниот Силекс, а со евентуална победа би ја зацврстил таа позиција на табелата.

„Подготвени сме за добар натпревар и се надеваме дека ќе ги освоиме трите бода. Во последниот период имавме лоши настапи пред домашните гледачи и мислам дека им должиме едно квалитетно издание. Верувам дека ќе одиграме на потребното ниво и дека на крајот ќе се радуваме“, изјави Басиру Компаоре.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Силекс е со почеток од 13:00 часот, на Градскиот стадион во Струга.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го победи Силекс и го „запечати“ третото место

Струга Трим Лум со 2-0 го победи Силекс во 29. коло од ПМФЛ, и сега ја зголеми предноста на табелата на третото место...

Останато

Наковски Волеј и Работнички Скопје во битка за шампионскиот пехар

Вечерва со почеток од 18:00 часот, во салата „Димитар Влахов“ во Струмица, започнува финалната серија од плејофот во женска одбојкарска конкуренција. Во борба...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го победи Силекс и го „запечати“ третото место

Струга Трим Лум со 2-0 го победи Силекс во 29. коло од...

Прва лигаФудбал

Додев: Во добра серија сме, играме добро, очекуваме победа против Струга Трим Лум

Силекс заостанува седум бода зад третата позиција на табелата, но денеска таа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!