Прва лигаФудбал

Мислими: Во Тетово не чека најтежок натпревар – вистинска гладијаторска борба

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Башкими, по поразот од Струга Трим Лум и суспензијата на стадионот во Куманово, се наоѓа во тешка ситуација во борбата за избегнување на зоната на бараж. Сепак, распоредот не им оди во прилог на кумановци, бидејќи во следните кола ги очекуваат дуели со екипите кои се борат за шампионската титула – Шкендија и Вардар.

Според Мухарем Мислими, денешниот натпревар во Тетово против Шкендија претставува вистинска „борба на гладијатори“, во која двете екипи влегуваат со целосно различни амбиции.

„Натпреварот во Тетово ќе биде најтешкиот за нас оваа сезона, бидејќи играме против екипа за која победата е императив. Со отсуството на двајцата централни дефанзивци и капитенот Арменд Алими поради картони, оваа средба за нас е мисија која, доколку успешно ја завршиме, со златни букви ќе биде запишана во клупските анали. Очекувам гладијаторска борба – едната страна се бори за титула, а другата за спас од баражот“, изјави Мислими.

Во досегашните 15 меѓусебни пресметки меѓу овие две екипи, поуспешна е Шкендија со вкупно 8 победи. Трипати славеше екипата на Башкими, додека 4 натпревари завршија нерешено. Оваа сезона „црвено-црните“ од Тетово доминираа во двата претходни дуели (победа од 5-1 во Тетово и 3-1 во Куманово) и во денешниот натпревар влегуваат како апсолутни фаворити.

Натпреварот ќе се игра на градскиот стадион во Тетово, со почеток во 16.00.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!