Прва лигаФудбал

Вардар оди само на триумф против Тиквеш, лидерот сака три бода и ништо друго!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Како што одминува времето и се приближува крајот на шампионатот, така битката за титулата, но и онаа за опстанок станува се поинтензивна и по неизвесна. Мечеви има уште малку, а оние кои што преостанаа треба да се добијат.

Лидерот Вардар не е во позиција да киксира повеќе. „Црвено – црните“ тоа пролетва веќе го направија, предноста која што ја имаа пред Шкендија се стопи и сега е само на еден бод. Токму затоа избраниците на тренерот Гоце Седлоски имаат императив на победа секогаш кога ќе излезат на терен.

Денеска тоа ќе го сторат во домашни услови на Арената Тодор Проески во Скопје, каде што од 16:00 часот ќе го пречекаат тимот на Тиквеш. Мотивиран и пролетва сосема солиден ривал, кој што во Скопје доаѓа да ги „расипе“ плановите на противникот. Дали ќе успее во тоа ќе видиме, но Вардар како што тоа биваше во минатото, не зависи премногу од противникот, туку од самата своја игра. Ако лидерот е на потребното ниво, тешко кој може да му парира.

На последните два меча одиграни помеѓу овие два ривала, Вардар победи со 3:1 токму на Арената, а претходно тоа го стори и во Кавадарци 1:2. Последен пат кога Тиквеш имаше позитива беше на 13.04.2025 година кога во Скопје одигра 2:2. Закариќ и Сенхор беа стрелци за Вардар додека Садик и Мишов погодија за Тиквеш.

Во пресрет на овој натпревар Вардар е лидер на табелата со 68 бода, додека Тиквеш е петти со 40.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФК Готен се подготвува за новата сезона – клубот од Подареш се реактивира

По неколку години пауза на фудбалската карта на Македонија одново ќе дејствува ФК Готен, клуб од Подареш, радовишко село, поранешна општина. По долги...

ИнтернационалциФудбал

Дарко Велковски замина од Вардар, македонскиот репрезентативец ќе игра во Бахреин

Дарко Велковски има нов предизвик во кариерата. Искусниот македонски дефанзивец го напушта Вардар и ќе продолжи во Бахреин, откако стави потпис на договор...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФК Готен се подготвува за новата сезона – клубот од Подареш се реактивира

По неколку години пауза на фудбалската карта на Македонија одново ќе дејствува...

ИнтернационалциФудбал

Дарко Велковски замина од Вардар, македонскиот репрезентативец ќе игра во Бахреин

Дарко Велковски има нов предизвик во кариерата. Искусниот македонски дефанзивец го напушта...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Шкендија остана максимална во ПМФЛ, Ибраими од пенал донесе победа над Струга

Шкендија продолжува со перфектен учинок во новата сезона од Првата македонска фудбалска...

Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победнички патеки, убедливи 4:1 против Силекс!

Вардар ја запиша втората победа во новата сезона од Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!