Прва лигаФудбал

Ацковски: Вардар и Арената се инспирација за секого

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Денеска на Арената Тодор Проески во Скопје  со почеток од 16:00 часот, Вардар ќе го пречека Тиквеш во дуел што е дел од 29. коло од домашното првенство.

Лидерот на табелата има бод предност пред второлпласираната Шкендија, која што пак токму минатата недела во Кавадарци го совлада Тиквеш со 1:4. Тоа треба да е опомена, но и мотив за кавадарчани денеска да бидат на Арената на далеку повисоко ниво, и да одиграат подобро против објективниот фаворит.

„Ние пролетва покажавме дека можеме да се носиме со речиси сите и да играме квалитетен фудбал. Може и нам да ни се случи слаб ден, па ете така може да го окарактеризираме дуелот против Шкендија. Денеска пак сметам дека во Скопје доаѓаме да се надигруваме со квалитетен противник. Вардар и Арената секогаш се мотивација за секого па така и за нас. Очекувам квалитетен натпревар, да ги искористиме нашите шанси и да не му дозволиме на противникот да се разигра. Да се вратиме на победничките патеки и резултати кои што  и не доведоа до оваа ситуација на мирен финиш на овогодинешниот шампионат“ – изјави Кристијан Ацковски.

Тиквеш во моментов е петти на табелата со 40 бодови. На последните мечеви имаше далеку повеќе успех на гости кога одигра 2:2 во Куманово против Башкими, и кога освои големи три бода против Струга Трим Лум со конечни 1:2.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!