Прва лигаФудбал

Пелистер сака да ја преживее Струмица и да ги освои бодовите во дуелот со Брера

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Битолскиот фудбалски мега-бренд минува низ стресен период од годината кога секој натпревар е со голем психолошки товар поради состојбата на табелата и борбата за опстанок.

„Зелено-белите“ успеаја да го совладаат директниот ривал Македонија ЃП и понесени од надежта за спас од опасната зона, отпатуваа за Струмица.

“Очекуваме тежок натпревар против АП Брера, екипа која игра дисциплинирано и знае да ги користи шансите. Ќе мора да бидеме максимално фокусирани и компактни во текот на целиот меч. Верувам дека со добар пристап можеме да оствариме позитивен резултат”,- изјави искусниот Кире Ристевски.

Оваа сезона Пелистер има остварено две победи над АП Брера, но и двата натпревари се играни минатата сезона. Во пресрет на ова трето соочување, шефот на стручниот штаб на Пелистер воопшто не се потпира на историјата.

“Искрено, минатите резултати не ми значат, според мене доволно е да се погледне табелата и да се види против кој тим всушност ќе играме. Тоа е квалитетен противник што има четири бода повеќе од нас, а тоа става тежина врз нашата страна дека ние сме тие кои што треба да го подигнат нивото и да покажат и респект. Секогаш инсистирам на дисциплина во играта, но подготвувајќи се за овој натпревар забележав дека теренот во Струмица им создава проблеми на играчите, има незгодни отскокнувања, тешко се врзуваат повеќе додавања. И двете страни ќе мора да се приспособат и да извлечат максимум од ситуацијата”, вели Секуловски.

Дуелот од 29. коло на двата тима од ПМФЛ ќе започне во 16 часот во Струмица, а во истиот термин ќе играат Вардар и Тиквеш.

Во понеделник, со одигрување на уште два меча (Струга – Силекс, Шкендија – Башкими) ќе се комплетира оваа рунда, по што остануваат четири кола до крајот на сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!