Втора лигаФудбал

Една работа за Кожуф стана јасна!

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели



Уште четири кола до крајот од Втората македонска фудбалска лига, уште 12 бодови во игра, а во второлигашкото друштво ќе има само борба за влез во Прва лига, останатите работи се кристално јасни.

Ги имаме екипи кои ќе играат бараж за опстанок и официјално ги имаме петте екипи кои испаднаа во Трета лига.

За Кожуф од Гевгелија една работа стана кристално јасна – ќе мора да игра бараж за опстанок во второлигашкото друштво.

Тимот е на деветтото место со 36 бодови и има осум бодови негатива од бараж зоната, а во игра се 12 бодови.

Веќе во следното коло и математички ќе се потврди баражот за Кожуф, па тимот на Иван Варадиновски ќе мора преку бараж да ја спасува сезоната односно да го избори опстанокот во Втората лига.

Во следното коло Кожуф ќе игра во Кочани против Осогово.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!