Младински фудбалФудбал

ФК Јанг Тим вложува во стручниот кадар: Сеит Крека и Милот Лена на пат кон УЕФА А лиценца

Сподели
Сподели



ФК Јанг Тим продолжува да инвестира во развојот на својот стручен кадар, откако двајца тренери од клубот се вклучија во едукација на високо ниво.

Станува збор за Сеит Крека и Милот Лена, кои во моментов го посетуваат курсот за УЕФА А лиценца – едно од највисоките нивоа на тренерска едукација во европскиот фудбал.

Од клубот потенцираат дека овој чекор е доказ за нивната посветеност кон професионален развој и континуирано унапредување на работата со младите категории. Според нив, вложувањето во знаење и едукација е клучен фактор за долгорочен успех.
ФК Јанг Тим нагласува дека силно го поддржува напредокот на својот стручен штаб, со цел да се создаде професионална и инспиративна средина за сите фудбалери во клубот.

Со вакви потези, струшкиот јасно покажува дека гради стабилна основа за иднината, ставајќи акцент на квалитетот и развојот на младите таленти.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми и два порази во своето враќање меѓу најдобрите. Тимот предводен од...

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против Скопје во натпреварот со кој беше комплетирано осмото коло во Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што...

Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!