Ракомет

Вардар го доби Алкалоид, дербито против Пелистер ќе биде за шампионската титула!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели



Вардар 1961 е на само еден бод од нова шампионска круна во македонската Суперлига, откако во 6. коло од плеј-офот пред својата публика славеше над Алкалоид со 30-27.

Дерби пресметката во СЦ „Јане Сандански“ имаше и свечен карактер, бидејќи вардарци го прославија својот 65. роденден, а победата само ја зголеми атмосферата на трибините.

Натпреварот започна израмнето, со игра гол за гол во првите минути, но постепено Вардар ја презеде контролата. Во првото полувреме клучна улога имаше голманот Милош Валах, кој со неколку важни интервенции му овозможи на домаќинот да се одлепи и на одмор да замине со предност од 17-14.

Во вториот дел, Вардар прв стигна до повисока разлика (20-15), што му даде комфор во текот на натпреварот. Иако Алкалоид во финишот успеа да ја намали разликата, не успеа да направи комплетен пресврт, па бодовите останаа во Скопје.

Најдобар стрелец кај победникот беше Јака Малус со 8 погодоци, додека Валах запиша 14 одбрани. Кај Алкалоид, Ненад Костески постигна 6 гола, а голманите Галевски и Кизиќ имаа солидни интервенции.

Со оваа победа, Вардар има 54 бода, додека второпласираниот Еурофарм Пелистер заостанува со 44 и натпревар помалку против Тиквеш. Во игра се уште осум бодови, а токму следното коло носи директен дуел меѓу двата најголеми ривали.

Пресметката меѓу Вардар и Пелистер во Скопје може да биде решавачка за титулата, бидејќи домашниот тим со победа и математички ќе ја завери шампионската круна.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Гогов: Покажавме дека можеме да се носиме со секој противник – со полната сала се надеваме на добар резултат против Алкалоид

Пред Младост Богданци е нов предизвик во ракометната Суперлига. Во рамките на четвртото коло, тимот на домашен терен ќе го пречека Алкалоид во...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло во Супер машката лига, откако средбата заврши 28-28. Кавадарчани имаа предност...

Поврзани написи
Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло...

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми...

Ракомет

Вардар фуриозно до втора регионална победа, Будванска Ривиера немоќна во Скопје!

Вардар 1961 стигна до втората победа во Регионалната ракометна лига, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!