Кошарка

Гевгелија е местото за ново дружење на младите кошаркарски таленти од цела Македонија

Сподели
Сподели



Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на М12 каравани. односно проектот посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е развој на спортскиот дух, пријателство и љубов кон кошарката.

А новата, попатна станица на кошаркарските каравани за најмладите ќе биде Гевгелија, или четрвтиот дел од проектот е предвиден за 26. април, ќе биде реализиран во спортската сала „26.април“ како уште една од повеќето планирани локации, а почетокот на новото дружење на најмладите кошаркари и кошаркари од М12 генерациите, е закажан за 12:00 часот.

Кои се целите на кошаркарските каравани?

Пред се, поттикнување на љубовта кон кошарката и фер-плејот. Развој преку игра и забава, без резултатски притисок, но и вмрежување на младите кошаркари и размена на искуства меѓу тренерите, и тоа како потребни во кошаркарското напредување на овие најмлaди возрасни категории.

Она што треба да се знае е дека:

Натпреварите ќе се играат според правилата на мини-баскет (4 х 8 минути, односно ФИБА „Бам пасарела“ правило (првите две четвртини се играат со цел состав – првата петорка игра цела прва четвртина (две замени), втората петорка цела втора четвртина (две замени), без резултат, со судии назначени од кошаркарската федерација на Македонија, и со минимум десет играчи по тим, но не повеќе од 15 играчи, на возраст, односно родени 2014 година или помлади.



РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

време натпревар терен

12.00: Кожув – Струмица Ролинг (1)

12.00: Овче Поле – Кожув 2 (2)

12.00: Водно санс – Вардар (3)

12.45: МКК Куманово – Винеам (1)

12.45: Дино баскет – Албатроси (2)

12.45: Тетекс ТТК – Пониква

13.30: Кожув (ж) – Дино баскет (ж) (1)

13.30: Гостивар (ж) – Уни баскет баскет (ж) (2)

13.30: Водно санс – Овче Поле (3)

14.15: Тетекс ТТК – Кожув (1)

14.15: Феникс 2010 – МКК Куманово (2)

14.15: Винеам – Вардар (3)

15.00: Албатроси – Дино баскет (1)

15.00: Кожув 2 – Пониква (2)

15.00: Уни баскет (ж) – Дино баскет (ж) (3)

15.45: Гостивар (ж) – Кожув (ж) (1)

Сите натпревари се играат во спортската сала „26.април“ во Гевгелија

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!