Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Сподели
Сподели

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен во полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство.

Сејдини се сомничи за сериозни финансиски злоупотреби поврзани со средства доделени од УЕФА за развој на фудбалот во Македонија. Според првичните информации, станува збор за проневера во износ од околу 700.000 евра, средства кои биле наменети за инфраструктурни проекти, конкретно за изградба на стадион во Охрид.

Како клучен момент за отворање на истрагата се посочува доаѓањето на новото раководство на ФФМ. При преземањето на функциите биле констатирани низа неправилности во финансиското работење на претходното раководство, по што случајот бил пријавен во МВР.

„Во рамките на предмет оформен од ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба. Се уште се преземаат дејствија по наредба на јавниот обвинител, а повеќе детали за понатамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствијата кои се во тек“, информираат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Инаку, Сејдини претходно доби двегодишна забрана за вршење функција, што дополнително го става во фокус неговото работење во изминатиот период.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното издание на БВА Купот, натпреварување кое се одржува под капата на...

Поврзани написи
Фудбал

Подобри услови за фудбал во Гостивар: Дополнителни рефлектори поставени на теренот со вештачка трева

Фудбалот во Гостивар добива подобри услови за работа и одржување на натпревари,...

Прва лигаФудбал

Шкендија лидер, Брегалница скокна на шестото место, Силекс седми, Скопје на дното

Вчера во Штип беше комплетирано осмото коло од Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Голем влог во Радовиш и Тетово: Кој ќе слави и кој ќе направи скок на табелата?

Денес ќе биде комплетирано второто коло во Втората македонска фудбалска лига со...

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!