Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што претставува значајно признание за неговата досегашна работа и потенцијал.

Програмата стартуваше оваа недела во Нион, каде најперспективните европски судии ја одржаа првата средба со своите ментори – поранешни елитни интернационални арбитри кои ќе ги водат низ нивниот понатамошен развој.

Во актуелното издание учествуваат 14 судии (10 мажи и 4 жени) од 12 национални асоцијации, а меѓу нив е и Стојчевски како претставник на Македонија. Негов ментор е легендарниот турски судија Џунејт Чакир, кој има богато искуство од најголемите европски и светски натпреварувања.

Станува збор за едногодишна програма чија цел е дополнително усовршување на најталентираните судии преку директна соработка со искусни ментори, кои ќе ги следат нивните настапи и ќе обезбедуваат стручни анализи, насоки и поддршка.

Учеството во оваа програма отвора можност за понатамошен напредок во судиската кариера, како и потенцијална промоција во повисока категорија на УЕФА во следните години.

Изборот на Стојчевски е уште една потврда за континуираниот развој на македонското судење и вложувањата во квалитет и едукација од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!