КупФудбал

Нема победник на “Билјанини Извори”: Силекс и Охрид ќе решаваат за финале во Кратово

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Без победник во Охрид: Силекс и Охрид ќе решаваат за финале во Кратово

Екипите на Охрид и Силекс одиграа нерешено 1-1 на стадионот „Билјанини Извори“ во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија, оставајќи ја одлуката за патникот во финалето за реваншот во Кратово.

Натпреварот започна внимателно, без многу ризик од двете страни. Гостите од Кратово беа нешто поиницијативни во воведниот дел, но без конкретна завршница. Првите посериозни закани пристигнаа по половина час игра, кога Силекс преку Мирчевски и Алиќ не успеа да ја искористи близината до голот.

Казната стигна во 35. минута, кога домашниот состав изведе убава тимска акција, а Иван Глигоров од непосредна близина ја смести топката во мрежата за водство од 1-0.

Сепак, радоста на охриѓани беше краткотрајна. Во судиското продолжение од првото полувреме, Силекс возврати преку Ади Алиќ, кој по одличен продор и центаршут погоди со глава за израмнување на 1-1.

Во второто полувреме темпото опадна, а двете екипи повеќе внимаваа на сопствениот гол. Иако гостите имаа мала теренска иницијатива, вистински шанси речиси и да немаше. Најблиску до погодок беше Дарко Додев, кој во завршницата се најде во добра позиција, но не успеа да донесе предност за Силекс.

Со ваков исход, сè ќе се решава на реванш средбата во Кратово, каде што ќе биде познат првиот финалист во Купот на Македонија. Во второто полуфинале ќе се соочат Шкендија и Шкендија Арачиново, а реваншите се закажани за 6 мај.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј Македонија“

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј МакедонијаМакедонската женска ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на турнирот „Трофеј Македонија“,...

Ракомет

РК Феникс в недела го игра првиот официјален натпревар против Младост во Радовиш

Новоформираниот ракометен клуб Феникс од Радовиш во недела ќе го одигра првиот официјален натпревар откако клубот започна со работа пред околу седум месеци....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

КупФудбал

КУП: Дерби на Саса и Скопје, Истатов со Ржаничино, Љуботен кај Билјанини Извори, Вардар против Пелистер

Денес беа одредени паровите за осминафиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!