Ракомет

Алушовски поднесе оставка по поразот од Охрид, Лембанов ќе го води Пелистер до крајот на сезоната

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

РК Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека тренерот Стевче Алушовски поднесе оставка по поразот во полуфиналето од Купот на Македонија во Струмица.

Раководството на клубот ја прифати неговата одлука и му се заблагодари за професионалниот ангажман во периодот додека беше на клупата на актуелниот шампион.

Пелистерци беа поразени од Охрид со убедливи 26:19, резултат што донесе крај на нивниот настап во Купот, но и промени на тренерската позиција. Триумфот на „гладијаторите“ во Струмица се покажа како пресуден момент за разделбата со Алушовски.

До крајот на сезоната, екипата ќе ја предводи досегашниот асистент Алексо Лембанов, кој ќе има задача да го одржи тимот во натпреварувачки ритам во завршницата од сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј Македонија“

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј МакедонијаМакедонската женска ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на турнирот „Трофеј Македонија“,...

Ракомет

РК Феникс в недела го игра првиот официјален натпревар против Младост во Радовиш

Новоформираниот ракометен клуб Феникс од Радовиш во недела ќе го одигра првиот официјален натпревар откако клубот започна со работа пред околу седум месеци....

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј Македонија“

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј МакедонијаМакедонската...

Ракомет

РК Феникс в недела го игра првиот официјален натпревар против Младост во Радовиш

Новоформираниот ракометен клуб Феникс од Радовиш во недела ќе го одигра првиот...

Ракомет

Прилеп ја засилува бековската линија со 17-годишниот Лав Зековиќ

РК Прилеп продолжува да го подмладува и засилува својот ростер, а најново...

Ракомет

ФОТО: Хрватска доминираше во второто полувреме и убедливо ја совлада Србија во Охрид

Репрезентацијата на Хрватска стигна до убедлива победа над Србија со 28:15 во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!