Првата женска одбојкарска лига во сезоната 2025/2026 ќе добие нов шампион, откако ОК Наковски Волеј го елиминираше бранителот на титулата Јанта Волеј и обезбеди пласман во големото финале на плејофот.
Тимот предводен од Хари Наковски ја потврди доминацијата во полуфиналната серија со уште една сигурна победа. По триумфот од 3:1 во Струмица, одбојкарките на Наковски Волеј славеа и на реваншот во Скопје со максимални 0:3 во сетови (19:25, 24:26, 23:25), со што комплетно го елиминираа актуелниот шампион.
Иако резултатот е убедлив, натпреварот донесе голема борба на теренот. Особено неизвесни беа вториот и третиот сет, во кои се играше поен за поен, но гостинките покажаа поголема смиреност и концентрација во клучните моменти, што се покажа како пресудно за конечниот исход.
Со овој успех, ОК Наковски Волеј ќе игра за првата шампионска титула во својата клупска историја. Во финалната серија, која се игра во формат „подобар во пет“, нивен противник ќе биде екипата на Работнички Скопје.
Екипата на Работнички Скопје со максимални 3:0 во сетови го доби штипски Младост УГД. Првиот сет беше со резултат од 25:16, потоа 25:19, а во третиот сет скопскиот тим беше подобар со 25:21.
Битката за титулата започнува на 27 април во Струмица, каде Наковски Волеј ќе се обиде да направи уште еден историски чекор и да ја круниса одличната сезона.
Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...
На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран денеска меѓу екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија Арачиново, домашната...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...
Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...
По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...
Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...