Одбојкарскиот клуб Штип УГД е на само една победа од шампионската титула во Првата лига, откако во вториот натпревар од финалната серија славеше на гостувањето кај ГОК Борец во Велес со убедливи 0-3 во сетови (24:26, 14:25, 23:25).
Иако конечниот резултат сугерира сигурна победа, првиот сет донесе вистинска драма. Домашниот тим отвори одлично и поведе со 7:1, а во финишот имаше и 20:17. Сепак, штипјани не се предадоа, израмнија на 21:21 и во неизвесна завршница ја искористија третата сет топка за водство од 0-1.
Во вториот сет гостите целосно ја презедоа контролата на теренот и со сигурна игра лесно го зголемија водството. Третиот сет повторно донесе израмнета борба, Борец се врати и го следеше резултатот до 19:19, но во клучните моменти Штип УГД беше поконцентриран, направи помалку грешки и го затвори мечот со максимални 0-3.
Најефикасен на натпреварот беше Махди Задмард со 17 поени, додека Јуниор додаде 13, а Стојан Илиев девет поени. Во редовите на Борец, Оливеира постигна 11 поени, а Бастос и Лепидовски имаа по 10.
Со оваа победа, Штип УГД поведе со 2-0 во серијата и веќе во следниот натпревар ќе има можност да ја завери титулата. Третиот дуел се игра во Штип на 24 април од 19 часот, каде домашниот тим ќе се обиде пред својата публика да го комплетира триумфот и да ги обедини трофеите на домашната сцена.
Станува јасно дека Штип УГД ќе испише нова клупска историја со освојување на шампионската титула, а тимот на Кристиан Ристески ќе ја има двојната круна.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран денеска меѓу екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија Арачиново, домашната...
Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...
Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...
По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...
Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...