Фудбал

ФФМ успешно го реализираше Модул 4 од УЕФА ПРО курсот за тренери

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија успешно го реализираше четвртиот модул (Модул 4) од УЕФА ПРО курсот, кој се одржа во хотел „Хилтон“ во Скопје и на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

На отворањето на семинарот се обрати Руд Доктер, технички инструктор на УЕФА и ментор на ПРО курсот во Македонија. Тој изрази силна поддршка за кандидатите и одржа предавање на тема „Тимска култура и развој на тимот“.

Стекнувањето на УЕФА ПРО лиценцата има големо значење како за тренерите, така и за федерацијата, особено во насока на унапредување на квалитетот и примена на современи методи во модерниот фудбал. Со интерактивен пристап и вклучување на учесниците преку прашања и дискусии, Доктер успеа да го направи овој модул особено динамичен и интересен.

Во рамки на програмата, свои предавања одржаа и директорот на Центарот за едукација на тренери, Борче Христов, кој говореше за „Разбирање на профилите на играчите во модерниот фудбал“, професорот Вујица Живковиќ со темата „Мониторинг на оптоварувањето во врвниот фудбал“, како и професорот Жикица Тасевски, кој се осврна на „Статистика, дијагностика и нивната примена во современиот фудбал“.

ФОТО: ФФМ

Дополнителна вредност на модулот беше присуството на познатиот српски тренер Владан Милојевиќ, поранешен стратег на Црвена ѕвезда, кој заедно со својот стручен штаб (Небојша Милошевиќ, Иван Вучетиќ и Бојан Офенбехер) учествуваше во завршните денови од семинарот. Тие ја презентираа својата програма на тема „Периодизација“ и ги споделија принципите на работа, притоа одговарајќи на бројни прашања од кандидатите.

Од Центарот за едукација најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со ангажирање на реномирани тренерски имиња, со цел пренесување на нови знаења и современи пристапи на идните носители на ПРО лиценцата.

До крајот на програмата преостануваат уште три модули, кои ќе овозможат дополнителна надградба преку интензивни предавања, практични работилници и дискусии со врвни домашни и меѓународни експерти. Наставата ќе се реализира според современи методи и во согласност со новата УЕФА конвенција.

ФОТО: ФФМ

Центарот за едукација ќе продолжи да работи со мотивирани и посветени кандидати, додека едукаторите ќе го споделуваат своето знаење и искуство, како основа за нивниот понатамошен развој во тренерската професија.

Фудбалската федерација на Македонија им честита на сите учесници за нивната посветеност и професионализам и останува посветена на континуирано унапредување на тренерската едукација во земјата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!