Останато

Работнички 71&22 е нов младински шампион во одбојка

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Младинците на Работнички 71&22 се новите шампиони во машка младинска конкуренција.

На завршниот турнир, чиј домаќин беше клубот во салата „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје, тие во финалето со убедливи 3:0 (25:17, 25:10, 25:23) ја совладаа екипата на Весна Пробиштип и го освоија трофејот.

До финалето, Работнички 71&22 стигна по победата од 3:1 над Штип УГД, додека Весна Пробиштип во полуфиналето со 3:2 го елиминираше бранителот на титулата Струмица 47&72.

Во дуелот за третото место, струмичани со 3:0 (25:17, 25:23, 25:23) беа подобри од Штип УГД и го освоија бронзениот медал.

Со ваквиот расплет, заврши и долгогодишната доминација на Струмица 47&72 во младинските категории.

Ф4 МЛАДИНЦИ

ФИНАЛЕ

РАБОТНИЧКИ 71&22 – ВЕСНА ПРОБИШТИП 3:0 (25:17, 25:10, 25:23)

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

ШТИП УГД – СТРУМИЦА 47&72 0:3 (17:25, 23:25, 23:25)

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

1.РАБОТНИЧКИ 71&22

2.ВЕСНА ПРОБИШТИП

3.СТРУМИЦА 47&72

4.ШТИП УГД

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!